Ракометарите на Еурофарм Работник запишаа планирани три бода во рамките на 7. коло од Суперлигата, откако на гостувањето во Велес го совладаа тимот на ГРК Борец со убедливи 18-41 (10-18).

„Фармацевтите“ од самиот почеток на натпреварот само ја зголемуваа разликата, која на одмор достигна до +8 (10-18). Во вториот дел ракометарите на Борец беа уште понемоќни, па гостите преку расположените Ивановиќ и Кузмановски го „полнеа“ домашниот гол за конечна победа од 18-41.

Најефикасен кај тимот на Еурофарм беше Никола Ивановиќ со десет гола, Филип Кузмановски запиша шест погодоци, а Чурлевски и Талевски застанаа на пет гола. Кај тимот на Борец, Борис Илиевски беше најефикасен со шест гола.

Гол.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here