Спортска витрина
на Петар Ставрев

ДАЛИ МОЖЕ ФУДБАЛЕР ДА ИСКЛУЧИ СУДИЈА? МОЖЕ

Следејќи многу спортски настани директно или преку медиумите дојдов до еден интересен податок. Ќе ве запрашам дали може фудбалер на натпревар да го исклучи главниот судија? По прописите не може, но, во досегашната историја на фудбалот, тоа се случи само на еден натпревар и тоа на 17 јули 1968 г. во Богота кога познатиот фудбалер Пеле го исклучи главниот судија Гилермо Веласкес наречен Ѓато. Како се случи тоа?

Во главниот град на Колумбија играа бразилскиот клуб „Сантос“ и Олимписката селекција на Колумбија. Организаторите дадоа многу пари да го видат младиот талентиран Пеле. Судијата најпрвин на домашните им призна гол од офсајд, а потоа го исклучи бразилскиот играч Лима, кој од теренот присилно го извлече полицијата. Излегувајќи Лима го шутна судијата кој му врати со удар, бидејќи беше боксер.
Во 35 минута Пеле бара заради прекршок над него судијата да свири пенал, но тоа тој не го прави. Пеле протестира и вели дека судијата не е нормален, заради што добива црвен картон. Играчите на „Сантос“ протестираат и од 28 членови на експедицијата, 25 членови се приклучија кон протестот, а некои и го удрија судијата. На стадионот присутните 60000 гледачи сакаа Пеле да остане во игра, заради што тој го исклучува судијата, а со Пеле во игра натпреварот продолжи да го суди помошниот судија. Подоцна судијата поднесе тужба, а фудбалерите на „Сантос“ откако платија оштета од 18000 пезоси и извинување, дури по два дена ја напуштија Колумбија. Многу години подоцна судијата Ѓато се сретна во Мајами со Пеле, но судијата и тогаш му рекол пак би го исклучил, а овој дека тоа му било единствено исклучување и единствен случај фудбалер да исклучи судија.
Инаку вистинското име на Пеле е Едисон Арантес до Наскименто, роден 1940 г. во Сао Паoло, каде за тамошниот клуб „Сантос“ од 1956 г до 1974 г. одиграл 460 натпревари и постигнал 504 голови, а од 1975 г. до 1977 г. за екипата „Њујорк Космос“ одиграл 64 натпревари и дал 37 голови. Пеле за екипата на Бразил играл од 1957-1971 г. на 92 натпревари, но кои постигнал 77 голови.

На Светското првенство во 1958 г. бил најмлад фудбалер, а на Светското првенство во 1970 г. најдобар фудбалер. Тој до гржи Гинисовиот рекорд со постигнати 1283 голови, на 1363 натпревари.
И уште интересен податок. Кога се играло Финалето во 1958 г. Бразил ја победи домашната екипа со 5: 2, а до финалето Пеле даде 5 голови, од кои еден хет трик.

Тогаш на врвот Пелистер, група од неколкумина техничари и планинари успеале да го „фатат“ телевизискиот сигнал само последните 15 мин. од натпреварот, а после тоа со новите вградени технички средства под раководство на Асен Даскалов за телевизискиот сигнал на 2601 м на Пелистер се изгради релеј кој постои и денес, иако сега функционира сателитски на Македонската радио дифузија. Таму неделно присуствуваат по 2-3 техничари и домари меѓу кои во еден период беше и Димитар Илиевски – Мурато, кој како прв македонец во 1989 г. го освои највисокиот врв на светот (8848) Монт Еверест.