Спортска витрина на Петар Ставрев

Голем број љубители на спортот од Битола некогаш навиваа за најдобрите фудбалски клубови во Југославија. Најмногубројни беа навивачите на Партизан и Црвена Звезда, а особено кога во нивните редови започнаа да настапуваат македонски фудбалери. Во двете екипи играа и битолчани, кои со своите квалитетни игри ја афирмираа и битолската фудбалска традиција. Навивачите на Партизан и Црвена ѕвезда често пати организираа и групни патувања на разни натпревари на овие два клуба, а особено кога тие играа дерби за меѓусебен престиж.

Во далечната 1977 г. група навивачи на Партизан од Битола одлучија да направат дотогаш најголемо фудбалско знаме на кое пишуваше „Верни навивачи од Битола“ и со него присуствуваа на напреварот на овие два клуба во Белград.

Знамето низ Корзо, фото Димитрије Гиновски Гина

Знамето беше долго над 170 м во црно-бела боја, какви што се и дресовите на Партизан. За тоа доста беше пишувано, а фотографиите што ги направи Димитрија Гина низ улиците на Битола, подоцна во посебна репортажа беа објавени во неделникот „Темпо“.

Димитрије Гиновски Гина на натпреварот Партизан- Црвена Звезда

За најдолгото фудбалско знаме на битолските „партизановци“ долго се зборуваше и пишуваше. На една фотографија што ја објавуваме е регистрирано и решението од таа средба.

Решение од натпреварот

Подоцна во Битола допатуваа овие клубови, кои беа домаќински пречекани од нивните навивачи. Од ФК „Пелистер“ на познатиот репрезантивец Милош Милутиновиќ му беше подарена уметничка слика,

Митко Бутлевски му подарува слика на М.Милутиновиќ

а во разни прилики навивачите и спортските репортери имаа можност одблиску да се запознаат и фотографираат со ѕвездите на овие клубови.

Петар Ставрев со Мане Бајиќ

Денес во Битола има навивачи на многу други познати европски клубови. Но, најголемото фудбалско знаме на „партизановци“ засекогаш е регистрирано како ненадминат куриозитет.