За волја на вистината Ви ја претставуваме личната карта на трговецот Ѓорги Поп Кочевич по потекло од с. Гопеш или фам.Папакоч како шо ги знаеме ние битолчани кој во 1924 г. живееше на ул. Генерал Бојевиќ бр. 3 во СХС, во време бугарско ул. Мусолини, сега ул. Рузвелтова каде што сега е лоциран клубот Ванчо Михајлов во Битола.

Според нашите записи, сведоштва и друго од оваа куќа за време на Втората светска војна НЕ Е ДЕПОРТИРАНА ЕВРЕЈСКА ФАМИЛИЈА во логорот Треблинка (како што има наведено германска новинарка за националниот сервис ЗДФ), бидејќи таму во 20тите после Првата и после Втората светска војна живееше фамилијата Папакоч. Можеби пред нив била еврејска куќа, но за тоа не можеме да тврдиме ништо бидејќи немаме материјални докази и слично.