Здраво битолчани

Јас сум Горд Битолчанец (името кое е најмалку битно е познато во редакцијата). Роден и израснат во Битола, по некое време решавам да го напуштам родното огниште и подобар живот да барам таму некаде каде што е ‘подобро.’ Да не ја должам многу, после неколку години (и неколку шлаканици од животот лично) се разбудвам со реализација дека има нешто поважно од патиките од 200 долари (и од то негде да бидам граѓанин од 3-ти ред).

Точно така, мислам на фамилијата. Да знаев дека татко ми ќе замини од овој свет во добро здравје, сигурно немаше да поминам 10 години надвор од дома. Ќе поминев повеќе време со него. Јас се свестив на многу тежок начин и ве молам не ја правете истата грешка. Дајте да си го средиме дворчето. После и околината….

Да го напрајме то оти ја сакаме Битола. Или то да го напрајме за нас, нашите деца, внуци…..
Да се однесуваме како шо се однесуваме таму негде кај шо е „подобро“. Таман ќе ни биди.
Јас почнав, и од тој пат нема враќање!

Приклучисе на групата „ЗА БИТОЛА“

Идејата е да ги мотивираме битолчани да превземат поголема одговорност за околината во која живеат и мислам дека со една ваков повик кој не потсеќа на организации и скриени намери, можиме да ја постигниме целта.