Киниса мома на вода, мамо,
со две стомни земјени, мамо,
и два ибрика стребрени, мамо,
по тие бели друмови, мамо;

Паднала магла голема, мамо,
погреши моме друмови, мамо,
тргнала в поле широко.

Во поле студен кладенец
и на кладенец комити.
Комити пушки чистеа
и со китки ги китеа.

Во град Битола ќе одат,
тешки ќе бумби фрлаат,
конакот да го расипат,
апсанците да испуштат.

Извор “Битола, бабам Битола” проф. Филип Каваев