Оригиналната песна за Чекутка беше забранета да се пее, зошто фамилијата Чекуткови после Втората светска војна беше прогласена за богаташи и профитери, фамилија на чиј таван во анот се печатеа и чуваа комунистички летоци и кои го спасија Љупчо Арсов од зандани.

САКАМ МАЈКО ДА СИ УМРАМ

Сакам мајко да си умрам,
Сакам мајко да си умрам,
Сакам мајко да си умрам во меана кај Чекутка,
Во меана кај Чекутка,
Кај Чекутка, Гинимаале.

Па да слезам во избата,
Па да слезам во избата,
Па да слезам во избата, во избата кај виното,
во избата кај виното,
во избата кај бочвите.

Па да легнам на земјата,
па да легнам на земјата,
Па да легнам на земјата, со нозете кај вратата,
со нозете кај вратата, со устата под бочвата.

Со устата под бочвата,
Со устата под бочвата,
Што да капне на земјата, нека капне во устата,
Што да капне на земјата, нека капне во устата.

Што ќе капне во устето,
Што ќе капне во устето, што ќе капне во устето, нека стигне до срцето, нека стигне до срцето, да заигра тоа сето.