Почитувани љубители на ракометот, навивачи на РК Еурофарм Пелистер.
Ве информираме дека официјално се завршени административните постапки за трансформацијата на РК Еурофарм Работник во Еурофарм Пелистер. Добиената документација сега е доставена и до сите надлежни ракометни организации и со големо задоволство може да објавиме дека во наредниот период нашата екипа на сите натпревари ќе настапува под името и со дресови на РК Еурофарм Пелистер.

РК Еурофарм Пелистер