Ако одам во Битола,
ќе прошетам по Широк сокак.

А на Дембел чаршија
кафе ќе се напијам,
младост мило ќе си спомињам.

Еј, мори моме, како да речам,
за Солуна, за Стамбола,
таа не давам.

Ако одам во Битола,
ќе нарачам до три пајтона.

Први ќе носат,
в’ други чалгии ќе свират,
во третиот товар, мерак ќе носам.

Еј, мори моме, како да речам,
за Солуна, за Стамбола,
не давам.

За Солуна, за Стамбола,
Битола не давам.

Петар Георгиевски Калица