Врз основа на член 20 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ“ бр. 05/02), член 10 и 70 од Статутот на Општината Битола („Службен гласник на Општината Битола” бр. 10/05), а во врска со член 3 од Одлуката за
востановување признание почесен граѓанин на Битола („Службен гласник на Општината Битола” бр. 03/06), Советот на Општината Битола на седницата одржана на 14.05.2007 година, донесе

ОДЛУКА

за прогласување Почесен граѓани на Битола

Член 1

Со оваа одлука АЈРИ ДЕМИРОВСКИ се прогласува за Почесен граѓанин на Битола, заради неговото генијално творештво во областа на новосоздадената изворна македонска народна музика, автор на повеќе песни кои се одомаќинети кај македонскиот народ и пошироко, меѓу кои и најпопуларната антологиска песна
,,Битола, мој роден крај“.

Член 2

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави Во ,,Службен гласник на Општината Битола”.

ПРЕТСЕДАТЕЛ на Советот на Општината Битола, Лилјана Кузмановска

Бр.07-1020/3
14.05.2007 r.
Битола


Летото во 2023 г. до Општина Битола предложивме иницијатива Ајри Демировски да добие улица со негово име. До ден денес немаме никакво инфо што се случува и дали убавите вести поврзани со името и делата на некогашниот наш сограѓанин ќе продолжат да живеат.


Одобрувањето од фамилијата на Ајри Демировски за да започнеме постапка за споменик и именување на улица пристигна од Измир

Собрани потписи од битолчани како поддршка на иницијативата Ајри Демировски да добие улица во Битола

Изготвен е предлогот до Градоначалникот за Ајри Демировски да добие улица во Битола со негово Име

Ќерката на Ајри Демировски видно возбудена и пресреќна за нашата иницијатива

Фото насловна Сашо Ристевски