Во последниве години нашата забавна музика доживеа голем развој. Се појавија многу млади таленти. Тие постигнаа завидни успеси на повеќе фестивали. Вие веќе знаете за нив. Тие се: Љупка Димитровска, Нина Спирова, Виолета Томовска, Зоран Георгиев, Драган Мијалковски, Сашка Петковска и друши. Во нашиот весник ние ќе ве запознаеме со повеќе од нив. Но, во овој број ќе ве запознаеме со најмладата од нив, со Сашка Петковска.

Таа учествуваше на фестивалот во “Опатија“ и се пласира во финале. Тоа беше голем успех за неа. Потоа на фестивалот „Скопје 70” ја пееше композицијата „Никогаш, никогаш“. Всушност, тогаш таа ги доживеа своите најубави мигови. Освои две значајни награди.

По тој успех Сашка рече:
“Да се пее покрај Мишо Ковач, Миро Унгар, Тереза Кесовија, Радојка Шверко…и да се победи, тоа значи многу нешто за мене“. Сашка активно работи. Нејзина голема желба е да постигне уште поголеми резултати. Нејзината музичка кариера да биде што побогата.

Но, вас сигурно најмногу ве интересира нејзиниот почеток, исто така и нејзините идни планови. Еве што вели таа за тоа:

„За секоја работа почетокот e тежок, но желбата за да се постигне успех е многу поголема. Таа секогаш победува. Јас бев вљубена во мексиканските мелодии. Редовно ги пеев, кога бев малечка. Мислев.дека нема да се разделам од
нив. Но времето се менуваше и јас исто така се менував. Мојата љубов кон нашата забавна музика се јави кога имав петнаесет години. Почнав да настапувам на школските приредби. Всушност, таков е мојот почеток”. Таа сега е студент. Можеби ќе биде професор. Можеби нешто, сосема друго, но како што вели од музиката.нема никогаш да се раздели. Има желба да сними што повеќе плочи и да биде што поприсутна кај нејзините
љубители.

Раде Силјан „Наш Свет“ 1971г.