Денеска телефонски ја контактиравме Перихан Ондер, ќерка на нашиот сограѓанин Ајри Демировски. Видно возбудена и пресреќна за нашата иницијатива изрази голема благодарност до сите кои ја поддржуваме идејата името на нејзиниот татко и лик да биде запишан како значаен дел од битолската историја и како име на улица и како споменик во неговиот роден град, Битола. Сега на писмено ја очекуваме нивната согласност за да започнеме со берење на потписи. Голема благодарност до Месуд Мемишовски кој го водеше разговорот на турски јазик.
Ајри Демировски, вечен ќе бидиш, Битола не смее да те заборави .