Битола да добие улица со име Ајри Демировски. Голема благодарност до пицерија Метро за отстапениот инвентар. За еден час колку и што траеше овај повик се собрани над 60 потписи кои бројчано не ни се потребни бидејќи Предлогот ќе оди до Градоначалникот Тони Коњановски.
Сакаме јавно да го поздравиме секретарот на Општина Битола Борче Димитровски кој помина покрај нас и НЕ СЕ ПОТПИША на иницијативата.
Ајри ние си го тераме соно. Дрвото кое го посади кај СатО го нема, ретко некој да те спомни ама ние продолжуваме и за Име за улица, и за споменик, дај Боже и за Фестивал. Вечен ќе бидиш зошто заслужено ти е, ти ветуваме од срце.
Предлогот понеделник го поднесуваме до Општина Битола каде според Законот за Локална Самоуправа Градоначалникот има рок од 90 дена да се произнесе околу него