Мате Шундовски:

Уште на почетокот со првите настапи ракометниот клуб „обезбеди” армија навивачи. Почувствував дека некој треба да ги води, па така станав „диригент”, на почетокот само со настојување да ме подржуваат во спортските довикувања, а потоа се облекував во фрак, пуштав гулаби, се качував на мотори и што ли не уште друго.

На тој начин дадов своевиден придонес во афирмацијата на клубот и неговите навивачи. Ние на секаде бевме почитувани, зашто навивавме на спортски начин. На тој начин мене сите ме запознаа, јас едноставно станав „диригентот Мате”. Таков и ќе останам до крајот на мојот живот.