Срце на терен и историска победа на РК Еурофарм Работник: Голема благодарност до битолчани!

од March 4, 2019 0 коментари

По победата над Нексе Нашице, на прес-конференцијата во Битола говореа тренерот Стевче Алушовски и ракометарот Филип Кузмановски.

Двајцата им се заблагодарија на гледачите и поддршката и покажаа задоволство од првите бодови во групата Б на ЕХФ Купот.

Стевче Алушовски
(тренер на Еурофарм Работник)

Нексе игра одлично „седум на шест“ и ги има најдобрите кружни напаѓачи во светот. Напорно работевме за овие 60 минути, во кои имавме и добри и лоши моменти, но добро е што на крај ја остваривме целта и запишавме значајна победа. Овие момци можат многу повеќе, верувам во нив и сигурен сум дека заедно ќе извојуваме уште многу вакви победи.

Филип Кузмановски
(ракометар на Еурофарм Работник)

Сакам да и се заблагодарам на публиката, таа беше нашиот осми играч. Нексе е одличен тим, но нашата добра анализа вроди со плод и знаевме како треба да одговориме на сите нивни напади. Со Алушовски екипата доби многу, и затоа сите ракометари вечерва оставивме срце на терен за историска победа. Нека оваа победа над Нексе нека биде само почеток на големиот успех на Еурофарм оваа сезона.

РК Еурофарм Работник

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *