Банкарот и филантроп Албер Кан (1860-1940) ја направи најголемата светска колекција од фотографии која се состои од аutochrome (фотографии во боја на стаклени плочи) од најразлични места во светот, во црно бели и колор фотографии кои ден денес се зачувани во одделенскиот музеј Алберт-Кан.
Бидејки почетокот на ХХ век иницира големи промени и исчезнување на одреден начин на живот Алберт Кан започнува со собирање на културните обичаи и знаменитости од педесет земји. За таа мисија му помагаат педесетина вработени помеѓу 1909 и 1931 година и се создаде оваа архива од најразлични места низ светот. Вкупно повеќе од 72.000 плочи аutochromes, 4000 стереоскопски плочи и серија на филмови (100 часа на проекција) беа собрани и сега се во одделот на музејот Алберт Кан во Париз.
Во нивната мисија се најде и нашата Битола, тогашен Монастир…
Поглед према Битола од турските гробишта кај Ушици
Алберт Кан, финансиерот на оваа збирка на фотографии од цел свет, бил убеден дека судирите и војните се раѓаат заради тоа што луѓето не се познаваат меѓусебе, односно не ги познаваат културите и традииците на различните народи.
Затоа Алберт Кан решил целото свое богатство да го насочи во целосно запознавање на народите преку прецизна документација и во 1909 година го создава “Планетарниот архив”, кој ќе биде сведоштво за животот на земјата во почетокот на 20 век. За да создаде документација за Планетарниот архив Кан испратил 50 фотографи во исто толку земји во светот, а меѓу избраните била и Македонија. Во Македонија Алберт Кан во 1912-1913 година ги испратил фотографот Август Леон и Жан Брин, носител на Катедрата за етнологија на Францускиот колеџ .
Во 1912-1913 година, време кога Македонија беше крваво боиште на пресметки меѓу балканските народи, кога го доживеа своето распарчување и кога се изневерени нејзините идеали за национална самостојност и државност, Леон и Брин патуваат низ Македонија и ги снимаат фотографиите. Но, во нивните фотографии не се чувствува тоа бурно време затоа што задачата што им била дадена од Кан била да се запознае народот што живее тука и неговите обичаи, а не сведоштвата на крвави настани што е спротивно на неговата намера – да се почитуваат народите меѓу себе преку убавото што тие го имаат како своја традиција.
Еврејско маало Јеудихана