Превкусен ручек кој сосема е различен од спанаќот на кој сте навикнати да го јадете. Овде употребив киноа семе како поздрава варијанта од оризот, а бешамелот, кашкавалот и јајцето го збогатуваат вкусот.Состојки

500 г чистен миен спанаќ
3 лажици киноа семе
1 неполна лажица црвен пипер
1 неполна лажица вегета
50 мл доматен сос
1 морков
1 чешне лук
1 парче кромидБешамел прелив50 г путер
1 и пол лажица брашно
млеко околу 400 мл
половина лажиче вегетаДодатно2 јајца
100 г рендан кашкавал

Прво се запржуваат на масло кромидот, лукчето и спанаќот. Користете ја тавата во која ќе печете.
Додадете го сецканиот морков, киноата, доматниот сос, додадете ги зачините и налејте вода да се покрие спанаќот и оставете да вари 20тина минути.
Во меѓувреме припремете го бешамелот, на растопен загреан путер, пропржете го брашното 2-3 минути и додадете млеко, мешајте постојано за да не ви се направат грутчиња, додадете и малку зачин, можи и малку црн бибер, нека се згусни и тргнете го настрана. По потреба додадете уште млеко.
Откако ќе поминат 20тина минути варење на спанаќот, тргнете ја тавата, одозгора прелејте со бешамелот, ренданиот кашкавал и ставете цели јајца по желба.
Ставете само кратко да се запече во рерна.

На здравје

Рецепт од Гордана Аџиева-Михајловска

www.macedoniancuisine.com