Ароматична, ровка, се топи в уста, кралица на питите, питата со јаболка! За овој рецепт не е потребно филот да се пржи, туку јаболката само се сечкаат.
За тесто
125 гр путер, сало или маргарин
1 јајце (се остава малку за премачкување)
100 г шеќер во прав
1 лажиче ванилин екстракт
Околу 300 г брашно
1 лажиче прашок за пециво
5 јаболка сечкани на коцки
3-4 лажици кафеав шеќер
цимет, морско оревче, каранфилче по вкус
2 лажици гриз
Замесете мазно тесто од состојките за тесто, тестото треба да не е лепливо. Поделете го на 2 дела, едниот поголем, едниот помал и оставете го во фрижидер околу половина час.
Лупените јаболка исечкајте ги на коцки, додадете го шеќерот, гризот, циметот и другите зачини и промешајте.
Потоа извадете ја поголемата половина од тестото и натапкајте ја во калапот за пити.
Додадете ја смесата од јаболка и убаво распоредете ја.
Потоа другиот дел од тестото исучете го и извадете ленти. Редете ги лентите врз овошјето и оформете мрежа. Ставете лента и по работ на питата.
Одозгора премачкајте ги лентите со јајце и наросете ванилин шеќер и цимет.
Печете околу 35 мин на 180 степени во загреана рерна.
После печење оставете да се излади. По желба се наросува шеќер во прав.
Рецепт на Гордана Аџиева – Михајловска