Од францускиот јазик како потипични за битолскиот говор ќе ги издвоиме: ангаж’е – “шетање со држење под рака” (Палената, уште со-м’ажо одат ангаж’е); андул’ира “дотерува фризура, витка коса”, бандаш – “металниот дел на тркалото кај велосипед, моторно возило’; биғут’ини – “виткачи за коса, виклери’; бомбе – “испупчениот, предниот дел на чевелот’; буш’он – “осигурувач на струјомерот”; килоти – “женски гаќи’; модистpa -‘шијачка, кројачка’; п’ор-мант’о “закачалка за на ѕидот во претсобјето со затворен дел како плакар’; ренглан – “вид кројка на ракав’; семпла – едноставно, просто’ (Зуберка се-н’осеше семпла), сутијани – ‘градник’.

Од германскиот: аус (<ауз) “водник, цементен мијалник”, брусхалтер – “градник’, есцајг – “прибор за јадење од ножеви, вилушки”, јунфер – “невина девојка, девојка со химен”, коклица ‘столче без наслон, мутер -“навртка’, факман ‘итар, снаодлив’, шпара ‘штеди, шпринки “прерамки, држачи за панталони”, штемајз – “зашилена метална прачка за дупење во бетон, камен и сл.”, луфтира – проветрува’, ганц – ‘сосема, начисто’ (н’e-гледаш дека-џак’етото му-е-г’анц ново), кригла – ‘пивска чаша” и
многу други.

Од италијанскиот: алабрац’ета – ‘држење под рака меѓу маж и жена”, колосува – “штирка”, конф’ети – ‘ситни, обоени крукчиња хартија што се фрлаат на карневали”, лиф’анто – мирис, парфем, паланѕа “вага, терезија, спармац’ета ‘свеќа осветлување дома”, тамиџ’ана – “стаклен балон за алкохол заштитен однадвор со прачки, метал или пластика’, шамбр’ела – внатрешниот, гумен дел на фудбалската топка”, пелер’ина-наметка, коруна 1
невестинско венче’; 2.’аверс на металната монета”.

Од шпанскиот: камара -“вдлабнатина во надворешен, дворен ѕид за чување дрва, л’око- “нетокму, будала”, пандиспања-вид колач од брашно, јајца, шеќер и некои мириси, толедо вид рачен вез’.

Битолскиот говор има и безброј лексеми од англискиот јазик. Со посредство на новинарите, политичарите, јавните дејци и редица други “културни работници’, во македонскиот јазик се инфилтрираат огромен број лексеми од англискиот јазик, кои полека се одомаќинуваат во речта на секој образован човек. Местото на таквите зборови не може, и не смее да им биде во еден дневен весник, во секојдневните вести на телевизијата, во обраќањето на политичарите кон обичниот граѓанин.

За илустрација тука ќе наведеме само неколку такви лексеми за кои во македонскиот јазик има соодветни зборови кои се одамна познати и се со широка примена : едуцира- “учи, поучува, образува’, едукакори- “наставници, учители, обучувачи, менаџер- управувач, раководител”, “претприемач,, инволвира -“вовлекува, навлегува”, имплементација – “примена, прифаќање, валиден – “вреден, исправен, соодветен”, евалвација-“проверка, испитување’, аплицира- ‘се пријавува, конкурира’, тендер – ‘објава, конкурс и многу, многу други, кои само го загадуваат богатиот лексички материјал од словенски основи.


Извадок од книгата „Да не заборавиме кои сме“, д-р Кирил Трајковски