Јас сум Златко Самарџиев и ме викаат КЕКЕЕЕЕЕЕЕееел ако сум подалеку.
Кувалистра
Во Битола КУВАЛИСТРА тоа е украсен конец, во разноразни бои, се користи за везење. Подебел е од конецот за шиење. Најпозната марка производител на кувалистра е Францускиот DMC. Многу популарни во 70-80 те години за везење гоблени. Главно место од каде се купуваја вакви конци за Битолчани беше Лерин каде шо се изговара ДеМиСе. Мајка ми крајо на седумдесеттите: Златко? Ако ој некој од другарите сабота Лерин, обавезно кај Васко да помини да купи ДеМиСе конци, еве список со бројки, аџеле му се на Надето и Цветето за Коњите на поилу. Ај синко, еве пари. Ама од кај Васко, пред реката шо има дуќан.“
Карола
Ако кувалистрата е потенка е намотана на КАРОЛА, дрвен цилинтер чии краеви се со пошироки дискови и со дупка на средина да се стави на држачот на машината за шиење (Синѓерица). Мајка ми Златко, ела подај ми ја каролата со белио конец ми падна, за да не го испушти материјалот на машината за шиење.
Модистра
Во Битола МОДИСТРА е шивачка, ама мајстор и дизајнер. Мајстор дека може да сошие нешто што ќе го види, пофати. Дизајнер оти знае да креира фустани, сукњи, блузи само за муштерифката и да нема такво нешто друг во Битола.
Шнајдер
Е машка Модистра. Знае да сошие палта, панталони, сако.