По неколку години се прекина традицијата главната македонска атракција Силви Бенд да бидат повторно со нас за дочекот на Новата 2021 година. Иако веќе најверојатно влезени во процедура за битолска лична карта, оваа година заради состојбата со пандемијата и ковид од 19-та нема да се одржи најпосакуваната забава на плоштадот Магнолија каде битолчани на само 15 минути пред 12 сато идат, фрлат петарди, мават едно орце и бегат подома.

Годинава сум многу разочаран. Срцето ме боли зошто таман ги научив сите песни на Силви Бенд се откажа целата церемонија. Не е фер. Барем онлајн да има некоја забава, ни пренесе еден битолчанец кој го начекавме кај шо купфа бели чорапи со Дедо Мраз во продавница за долна облека.

-Не можиме повеќе на ништо да се порадваме. Нема да има украси новогодишни, нема да го има Снешко Белич кај Сато шо го праеја од церада од пред неколку години и цел свет шо ни љубомореше.

Фотo Off.net.mk

Фото Off.net.mk

Ќе ги нема и штрумфојте кај Домо со елките украсени со понекоја сијаличка колку да се речи и откај ќе знајме дека иди Нова година, ни рече продавачката крајно револтирана оти и нови календари никој не прај поќе за Новата 2021 година, фрлајќи по нас со тврд предмет најверојатно фискална каса.

И од Скопје за ова година нема никаков абер, а се надевавме дека барем старите украси ќе ни ги подарат за да ја украсиме Битола со се тој од Скопје Среќна Нова 2020. Ќе го чкртневме Скопје никој немаше да познај. Со автобусите од 1970 многу ни се најдоја и тоа до ден денес не се заборава, не информираја надлежните со порака на месенџер во инбокс.

❌Не важи поќе (2021)

Додека тагата и очајот полека го покриваат битолското сивило и се зголемува депресијата за дочекот на НГ за битолчани, да се надеваме дека сепак и без Силви Бенд анѓели ќе не носат додека одиме кај него во 2021…

До следното јавување, вашиот известувач од Битола, Спасе Тешконасовски.


Текстот е измислен и е дел од рубриката ЛабавО само за забава на пошироката народна маса.