Медицинската салата е вашиот најдобар пријател во текот на зимските месеци. Луткаста и вкусна, а ако не поднесувате луто, можи да се прилагоди количината на лути пиперки како во овој рецепт. Од оваа доза, се добиваат 6-7 тегли.
Состојки 1,5 кг
моркови 1/2 кг
везени пиперки 1,5 кг
благи тенки пиперки
1 китка магдонос
1 главица лук
За солило
1 неполно филџанче сол
1,5 филџанче шеќер
500 мл вински оцет
400 мл масло
2 таблети аспирин
1 пакетче конзерванс
* Големина на филџанот е 150 мл
Подготовка
Прво подгответе ја течноста за да може состојките да се растворат. Промешувајте повремено. Излупете ги морковите, подварете ги 10тина минути, нека подоладат и исечкајте ги на кругови. Потпечете ги пиперките кратко и исечете ги на парчиња или кругови. Измијте го и исечкајте го магдоносот и лукот. Ставете ги сите овие состојки во длабок сад и добро измешајте. Потоа потурете ја подготвената течност. Измешајте сè добро и оставете ја салатата 24 часа. Потоа наредниот ден соберете ја салатата во добро измиени и суви тегли и ставете ги на темно и суво место. Конзумирајте веќе по неколку дена. * Забелешка- не е задолжително да се испечат сите благи пиперки, можи пола потпечени, пола живи да се насечкаат.