Tаткото на модерна Турција – Мустафа Кемал Ататурк во 1899 година во Битола завршил средно воено училиште. Иако постојат доста информации за неговиот успех и поведение во училиштето, малку се знае за неговиот приватен живот.
Според една легенда, најголемата љубов на Мустафа Кемал Ататурк била токму од Битола, односно тоа била убавата Елени Каринте.
Елени била убава девојка од позната влашка христијанска фамилија со куќа на главната улица – Широк Сокак. Не е утврдено дали навистина имало нешто помеѓу неа и Мустафа Кемал, но според горе наведената легенда, нејзината љубов со муслиман била голем срам за нејзиното семејство, па таа била испратена во Лерин (Флорина), каде била омажена за човек кој не го сакала.
Љубовната сага за балканските Ромео и Јулија во Битола се пренесува од генерација на генерација, но во последните неколку години таа станува навистина актуелна.
Веќе се снимени и филмови на оваа тема и се повеќе туристи кои доаѓаат во Битола, сакаат да го видат писмото кое Елени никогаш не го испратила и куќата во која живеела.
Луксузни апартмани Робевски со посебна почит кон Ататурк
Луксузните апартмани Робевски кои се наоѓаат во центарот на градот на сам Широк Сокак имаат свој апартман во чест на Ататурк кој вреди да се посети и да се престојува. За повеќе кликнете на фотографијата…