Младиот Мартин Стефановски од Битола својата љубов кон музиката ја покажа уште од рана возраст, а неговиот талент дојде до израз и на учествата на меѓународниот фестивал „Тра-ла-ла“, како и неговите учества на многу фестивали ширум светот, Ерменија, Бугарија, Србија, и во шоуто „Некои нови деца“ (Неки нови клинци), вклучувајќи го и делот на сите добиени благодарници, пофалници и награди за постигнатиот успех.
Со поддршка и довербата од продукцијата „Tyrion Production“ Мартин сега ја сними веќе својата трета преработка на хитот „All of Me“ од познатата светска ѕвезда John Legend.
Стефановски одлично ја долови емоцијата на оваа балада, преку која сме благодарни за сознанието дека вљубените од целиот свет се поврзани за оваа песна, па со тоа и се надеваме дека ова е само почеток за талентираниот битолчанец,кој веруваме дека ќе го достигни врвот на успехот.
Изведбата на „All of Me“ како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!