На јужната периферија на градот Битола, Македонија, веднаш во подножјето на планината Баба, се наоѓа пар стари уништени борбени авиони од американско производство Ф-86Е, кои биле управувани од ЈНА за време на раната југословенска ера.

Подоцна, најверојатно околу 1980-тите, откако биле деактивирани, парот млазници биле инсталирани на еден рид со поглед на градот Битола.

Сепак, не е јасна целта на оваа монументална инсталација, бидејќи локацијата не е во непосредна близина на ниту еден аеродром или воздушна база. Некои извори велат дека авионите биле дел од сега распуштената воена инсталација. Денес од нив се остранети повеќе вредни предмети и се ичкртанк со графити и стојат како локална љубопитност и место за дружење за младите.

Фотографијата е направена од @balkan.stories