Почитувани,

Добивме повеќе пораки со прашање дали ќе има билети за концертот Македонска Рок Симфонија на влез, ве известуваме дека билети ќе има на влез доколку останат билети во продажба. Во исто време Ве информираме дека пуштена е во продажба само Јужна трибина поради поставеноста на бината.

За повеќе информации за билетите, како и за купување обратете се во Тобако Димпо, Битола, локации: Ленски мост, Грозд, Нов пазар, секој ден од 09 до 23 часот, а резервации, може да се направат на +38975542555.

Поздрав и се гледаме на концерт, 28.04.2024г. (недела), 19.00 часот спортска сала Боро Чурлевски.

Камерен Оркестар Битола