Омилена на сите генерации! Популарно кажано ,,Kid friendly” или совршена и за најмалите дечиња, а воопшто не изостануваат и постарите! Ја нареков крем салата и сос за сите сезони, затоа што точно e до буква! Неизмерно уживаме и во лето и во зима, и ја јадеме навистина често! Вкусот е пријатен и пожелен и за попребирливите, гарантирано ќе ве освои!

Како мезе, сос во склоп на други јадења или како салата за предјадење, редовно ќе биде на вашето мени. Ако ти се допадна мојот рецепт и фотографии, за повеќе испробани рецепти и идеи, разгледај ги моите профили и заследи ме:

Instagram: @katerina.shambevska https://www.instagram.com/katerina.shambevska/
Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska https://www.facebook.com/katerina.sambevska/

Состојки:

🔹3 средно големи краставици (или 2 и 1/2 чаша рендана и исцедена краставица)
🔹600 мл кисела павлака
🔹2-3 лажици зачин за таратур, по вкус (или комбинирајте лук во прав, сушен копар/магдонос и сол)
🔹сол и црн пипер по вкус
🔹1 лажиче цеден лимонов сок (по желба).

Подготовка:

1️⃣Краставиците измијте ги, излупете ги и изрендајте ги.

2️⃣Со помош на газа или само со рацете, убаво исцедете ги од течноста и ставете ги во поголем сад. Овој чекор е посебно важен, ако оваа салата ја користите како сос, а подолу ќе ви дадам предлог идеи.

3️⃣Во садот додајте ја киселата павлака, зачините и измешајте. Тоа е тоа, брзо и лесно до вкусна свежина на трпезата!

Совети плус и предлози за јадење:

🔹Цедењето на краставицата прави салатата да е посебно кремаста и неизмерно вкусна.
🔹Втор плус, потрајна е и може да ја јадете до наредниот ден ако се чува во фрижидер.
🔹И трет плус, мојата крем салата е совршена подлога како сос за тортилји, гиро или за мезење со крекери. Идеално се комбинира со ракија, узо и други алкохолни пијалаци, а посебно ја обожаваме затоа што вкусот им годи на сите членови од семејството, од најмладите како син ми, па до најстарите како нашиот прадедо.

Би сакал/а ли да пробаш нешто вака превкусно?! Сакаш да пробаш да направиш, но имаш прашања? – Пиши ми и ќе ти помогнам.
Instagram: @katerina.shambevska https://www.instagram.com/katerina.shambevska/
Facebook: Katerina Sambevska Spasenovska https://www.facebook.com/katerina.sambevska/