Денес под селото Цапари во подножјето на Националниот парк Пелистер успешно е изгаснат пожар од страна на вработените во НП Пелистер Зоран Пројчевски, Трајче Гашовски и возило на пожарната единица од Битола. Од страна на НП Пелистер е користено возилото за против пожари кое е донација од УНДП.

Во овие жешки летни денови треба повеќе да се внимава за заштита на нискостеблестата вегетација и превенција од пожари се со цел да не дојде до поголеми и несакани последици за сите нас. Самосвеста, навременото известување и интервенција треба да бидат дел од сите нас за да си го зачувуваме тоа живот што значи, белите дробови на Битола.

Секоја чест за сите кои тоа го прават. Браво и за вработените во НП Пелистер и битолската Противпожарна единица.

НП Пелистер