Ова е совршен рецепт за фурнаринки кои имаат вкус како да се од пицерија. Идеални се за во друштво со пријателите, со пивце или по ваш избор.
Состојки:
- 250 ml топла вода
- 1/2 коцка свеж квасец
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажица шеќер
- 2 лажички сол
- 2 лажички маслиново масло
- 3 шолји брашно
За одозгора:
- сусам
- свинска маст
- 1 жолчка
Припрема:
Измешајте го квасецот со шеќерот и топлата вода. Оставете 10-15 минути додека квасецот се активира.
Додадете ја солта, маслото, прашокот за пециво и полека додавајте го брашното и замесете меко тесто кое не се лепи. По потреба додадете малку брашно или вода. Месете го тестото убаво 5 минути и оставете го покриено да нарасне околу 1 час. Потоа обликувајте го како тесто за пица во плех обложен со хартија за печење и исечете го во ленти.
Премачкајте го со тенок слој на свинска маст, па со жолчка од јајце и наросете сусам одозгора.
Печете во загреана рерна на 220 степени 15тина минути или додека тестото убаво не зарумени.
Напомена: истото тесто може да се употреби за припрема на пица (без додатоците за одозгора), а доколку подготвувате пастрмалија, ќе треба тестото да го премачкате со сало пред и после печење.
На здравје!