Марија Цветановска (14) од Битола е ученичка во ОУ Стив Наумов деветто одделение која и покрај нејзината мала возраст досега зад себе има шест Гранд При награди кои се освоени надвор од Македонија и тоа во Хрватска, Србија, Бугарија и второ место во Тенерифе, Шпанија.
Исто така и шест пати има учествувано на битолскиот Сидо Фестивал. Нејзин сегашен учител и ментор е Дарко Шерденков директорот на Сидо Фестивалот.
На 11 Ноември 2018 во недела, во 18 часот ќе има солистички концерт таа ќе ги презентира нејзини авторски песни со кои ги има освоено престижни награди. Со големи планови за наредната 2019 за кои сега е многу рано да Ви ги претставиме.
Пред 3 години го сними првото ЦД со свои авторски песни “Спомени”, во чест на нејзиниот прв учител Миле Шерденков.
Со директорот на фестивалот Гулермо Албело во Тенерефе, фестивалот Viva La musica.
Марија голема поддршка од нас, да ни пееш мило и убаво, исто како битолското славејче….