Битолчани вчера собраа 60.000 ден откупувајќи ги на аукција дресовите на ракометарите на Еурофарм Пелистер како дел од донаторската акција на Ротаракт клубот Битола со несебична поддршка на битолските компании SN брокер, ЈК травел и SN финансии кои го поддржаа овој настан.Одличен спој на поддршка на битолскиот спорт и пример за хуманоста кон оние на кои им е потребна поддршка.Присутните активно учествуваа во наддавањето, при што за различни вредности беа откупени понудените клубски дресови на битолските ракометари со нивни автограми.
Во публиката беа и ракометарите кои за прв пат присуствуваа на ваков настан и со радост најавија и идни хумани акции во кои сакаат да имаат директно учество.
Тие ги подарија нивните дресови за аукцијата, а за возврат ги добија како подарок првите клуб картички на компаниите SN брокер, ЈК травел и SN финансии со што стануваат членови на ова големо семејство.
Дресот на нашиот легендарен голман, битолчанецот Никола Митревски ја достигна највисоката цена започнувајќи од 1000 ден. стигна до фантастични 18.000 денари.