БИТОЛА ФАЛА! 🍀

Започна како мајтап (по битолски), за да продолжи како идеа, па предлог проект, за да заврши како еден од подобрите спортски и хуманитарни настани кои сме ги организирале во нашиот град.

Нема да се фалиме повеќе, ќе кажиме само дека собравме повеќе од 60.000 денари кои заедно со Еурофарм Аптеките ќе ги донираме на социјално загрозени семејства во вид на вредносни ваучери.

Мора да кажиме и едно огроооомно фала на РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР за несебичната поддршка за да овој проект стане реалност. ФАЛА и за сите кои донираа, и најбитно за оние кои одвоија дел од своите средства за да “освојат” потпишан дрес од играчите на клубот.

Благодарност и до сите спонзори кои помогнаа да го направиме ова што го направивме. Благодарност и до Чкембарите кои беа присутни. Благодарност и до сите компании и учесници од другите градови кои одговорија на нашата покана.

Ова е само почеток, ветуваме дека ќе продолжиме со појако темпо!

БИТОЛА ПРЕКУ РАКОМЕТОТ ЈА ПОКАЖА ХУМАНАТА СТРАНА! 🤾‍♂️

Ротаракт Клуб Битола