Битолската фонтана, која со
нетрпение и голем интерес се очекува од нашите граѓани, постепено го добива својот конечен изглед. Таа сега речиси целата е обложена во бело мермерно руво, а наскоро ќе биде осветлена и од нејзината утроба ќе се извишуваат млазевите вода.

Работиме со многу позасилено
темпо отколку обично, со цел навреме да ги завршиме нашите работи, ни рече Живко Стрезовски, бригадир во Мермерниот комбинат од Прилеп. да бидам по-ќпрецизен, верувам дека фонтаната ќе ја облепиме со мермер пред истекот на овој месец. Меѓутоа, дали Битола за денот на нејзиното ослободување ќе се здобие со уште еден прекрасен објект не зависи само од нас, туку и од битолските колеги.

Инаку, фонтаната е изработена
од прочуените мермери „сивец” и „чашка” и таа, како и палатата на културата и универзалната спортска сала, ќе претставува
мошне привлечен урбанистичко-естетски објект како за домашните така и за странските туристи.

Битолски весник, непозната година