ЛУЃЕ И СУДБИНИ

Само мене ми паднаа 6 долари. Од тие шест долари купив две талончиња на Њус а вел лотаријата кои чинеа по два долари и 15 центи: едното го влечев за мене а другото за внукот Спиро. И уште тогаш, на лице место, на моето талонче со латински букви убаво напишав: СТОJAH Д. ЛИКОВСКИ. Само да се знае дека е мое.

• Битолчанецот Стојан Ликовски на австралиската лотарија стана добитник на 100 илјади долари, но талончето му е украдено од близок роднина.

Две години упорна борба за докажување на своето право Стојан Димов Ликовски е човек на 75 годишна возраст. Роден е во 1917 година во селото Бела Црква општина Прилеп а во Битола живее од далечната 1951 година. Работниот век го поминал со речиси секогаш мала плата работејќи како курир во поранешниот Околиски Одбор и Катастар… Но, секогаш со среќа на игрите на среќа, пред се на
лотаријата кога добивал од најмали износи па се до 100 илјади австралиски долари на кои не им се израдувал, иако, како што вели самиот имал право зашто тоа било: Мај лак – мај мани” (моја среќа – моj пари)… A, среќа-да, пари – не. А здравјето од ден на ден попушта. Судбина чисто македонска: “Кој ти ги изваде очите толку длабоко?” Се разбира, братот, ближниот свој…

ЛОТАРИЈАТА – ХОБИ

Во 1951 година се доселив во Битола. Пет дечиња а ни куќа и куќаре. Оди некаде да побарам стан под кирија. прашај, колку деца имаш. Јас одговори му пет. Нема стан, најчест беше одговорот… А, платата мала, од кај пари јас сирот да купам куќа, стан… И почнав да играм на игрите на среќа, да купувам на тогашната лотарија. Чиниш, сум ја зел скромната плата и брзо брзо да купам барем едно талонче, белким и мене ќе ми се насмее среќата со талончиња
И не сакам да се поплачам. Речиси постојано сум добивал по нешто. Не кој знае колкави износи, но сум добивал. На два пати имав поголема среќа та сумите што ми паднаа не беа така мали. Во 1955 година, ако не се лажам, на лотарија ми паднаа околу 120 илјади тогашни динари со кои можеше да се купи и постара куќа во Битола. Парите добро ми дојдоа: имав земено место на .Баиро”, куќаре, та го поткрпив, купив покуќнина, ја помогнав сестра ми и речиси десеттина години живеев од тие пари. Во 1962 година исто на половина талонче на лотарија ми падна 60 илјади динари, или едногодишна плата што не беше мал износ…

CPEЌATA ME ПРАТЕШЕ И ВО АВСТРАЛИЈА

Во 1977 година за прв пат отидов на посета кај синот Благој во Австралија…. Убава земја, салам држава. Богата, со ред и поредок… Неоти имав пари, туку
од син ми што ми ги даваше за џепарлак си ја пробав среќата на австралиската лотарија. На неколку пати ми паднаа од 60 до 120 долари… Значи, среќата со
мене сум си ја носел…Било како било, тогаш отидов и по осум месеци се вратив. Втор пат, туристички во Австралија заминав на 23 август 1991 година. Исто на посета на син ми Благој во населбата Кабрамата во Сиднеј каде што живеат доста нашинци….
Како што носи редот и нашите обичаи, доста од пријателите и роднините што се во Австралија ме поканија на гости да ми направат чест.

Тоа го стори и мојата братучетка Милица Димовска која живее во гратчето Порт Кембла со син му Спиро Димовски стар на триесетичетирипет години. И, како кај своји луѓе се одзвав на поканата на 23 август отидов кај нив на поседок. И што е вистина, вистина е: ме пречекаа луѓето како свој најблизок Еден ден, седејќи така, ми вели брачеда ми Милица: Ти имаш среќа на лотарија, зошто и тука не играш? Одете со син ми и купете по едно тикетче” (талонче)”. По разговорот со внукот Спиро излеговме на прошетка низ Порт Кембла. Влеговме во еден трговски центар. Огромен за наши прилики. Првен купивме од оние експресните со гребење. Си го ставив талончето в џеб и чекав два-три дена кога ќе е извлекувањето…

Jас како стар човек и човек што не го разбира јазикот чекав за резултатот да ми кажи внукот Спиро. И, кога беше извлекувањето, ми вели внукот: „Вујче, мене ништо не ми падна”. Арно ама, во попладневните часови се јави некој на телефон што зборуваше англиски а јас ништо не разбирав. Му велам на внукот Спиро, да не ме бара некој мене, а тој пеплосан ја врти работата, јас едно прашувам тој друго ми одговара… Ми стана сомнително и почнав да го кријам талончето. По два три дена одиме да провериме дали мене нешто ми падна. Одам во една канцеларија на лотаријата, и го покажувам талончето на службеничката, а таа:

Фул тикет мистер, биг мани” (полн талон господине, голема пара). Ја разбрав и ја прашувам на англиски: Колку пари? А таа: Сто илјади долари!

Ми се наполни душата со среќа!
Пара со која ќе можам мирно да проживеам до крајот на животот, да ги помогнам моите блиски…

ТАЛОНЧЕТО МИ ГО УКРАДИ НАЈБЛИСКИОТ- ФНУКОТ

Во моментот не можев да ги подигнам парите зашто знаев дека има формалности, пополнување формулари и слично. Сакав тоа да го сторам со синот Благој во Сиднеј… Му велам на внукот Спиро да ме врати во Сиднеј а тој одложувај… Ми стана сомнителен, видов дека во алиштата во ташната се ми е превртено… Еден ден ми се стемни и сакав за Сиднеј да се вратам со воз или такси. А талончето во џебот од цакетот во едно тефтерче со адреси… Пред да заминам отидов кај фнука ми, сестра на Спиро која живееше во комшилукот. Спиро, застана зад мене. Ја мушна раката во џебот без да осетам и ми го зеде тефтерчето со се талонче на 100 илјади долари… Вечерта, осетив дека ми го нема и тефтерчето и талончето. А го гледам тефтерчето, она во кое беше талончето со мојата среќа, оставено над телевизорот празно. Почнавме да се расправаме со фнукот Спиро, не призна кодошот, и по неколку дена си ги зеде 100 илјади долари. Се вратив кај синот во Сиднеј. фативме и адвокат- Австралијанец, Му го кажав случајот. Му го кажав и тоа дека талончето беше потпишано со мој ракољпис и дека на него стои моето име и презиме… Ми вети правна помош и дека парите ќе ги добијам. Во меѓувреме јас
се изразболев, нервно се растроив, ни јадев ни пиев та мораше да се вратам…

Среќата, моите 100 илјади долари останаа во Австралија. Ги јади без аир фнукот Спиро. Јас уште барам адвокати, сега по потекло од Македонија. Белким тие ќе ми помогнат, ако има ред и власт во Австралија. Барам и експерти, да го утврдат мојот потпис на талончето.

П. Манојлов „Битолски весник” 1993 г.