Почитувани корисници,

Денеска беше објавена субвенција за инвертер-клими за граѓаните на Општина Битола – официјална страница

Но, поради големиот интерес се соочивме со технички проблеми на самата платформа што оневозможи голем број на граѓани да го искористат своето право и да аплицираат.

Администрирањето на апликацијата е во целосна одговорност на тимот на мЗаедница кој активно работи на отстранувањето на техничките проблеми, но до нивното решавање аплицирањето ќе се одвива директно во општина Битола.

Ви благодариме на разбирањето за настанатата ситуација.

Со почит,
мЗаедница

ВАЖАНА ИНФОРМАЦИЈА!

Почитувани,

Ве информираме дека за жал, аплицирањето за субвенција за инвертер клима во Општина Битола – официјална страница преку мобилната и веб платформа #мЗаедница е оневозможено поради настанати технички попречувања кои не можеме да ги надминеме во брз може рок.

Се извинуваме за настанaтите непријатности и ги замолуваме граѓаните да не поднесуваат барања за субвенции со документи преку другите функционалности на #мЗаедница (како на пр. пријава) бидејќи на таков начин ги споделувате вашите лични податоци со другите корисници.

И покрај сите заложби за дигитализирање на услугата, настанатите технички проблеми се непредвидливи. Упатуваме извинување до Општина Битола и граѓаните за неможноста наведената субвенција да биде достапна за дигитално поднесување.

Сите обиди за поднесени барања преку #мЗаедница денес од објавувањето на субвенцијата во 08:30 часот наутро до принудно затворањето на платформата во 10:57 часот ќе се сметаат за неподнесени. Ве молиме следете ги насоките на Општина Битола и соодветно поднесете ги вашите барања одново.

#мЗаедница ќе остане недостапна за користeњe до денес, 03.04.2023 година, до 17 часот. Потоа сите функционалности ќе бидат повторно достапни за сите корисници.

Со почит,
Тимот на мЗаедница