Со подршка на Rihter Gedeon под мотото „Каде сме и каде одиме“, се одржа симпозиум во Блед, Словенија, каде се зборуваше за перспективите на Ин Витро оплодувањето и имплементирањето на законот во различни земји.

Прим. д-р Таше Трпчевски од Болница Плодност и м-р д-р Татјана Гуружанова од Њу борн клиник, имаа предавања и учествуваа во панел дискусијата за нашите искуства во Македонија, законот и третманот на ивф пациентките, со акцент на примената на личните искуства со Бенфола и слични на неа гонадотропни хормони.

„Јас и колешката Гуружанова достојно ја презентиравме нашата држава и мислам дека според резултатите, Македонија треба да се гордее со нашите резултати, компарирано со резултатите на другите држави“, рече по враќањето од Словенија прим. д-р Таше Трпчевски.