Битолчанецот Зоран Н. на 104 километарската трка на маратонот Дембел Траил Пелистер дури после две недели стигна на целта.

Битолчанецот Зоран Н. после две недели стигна на целта каде не го пречека никој од организаторите, но неговата насмевка и радост ги плени присутните посетители на бачилото кај Нижеполе кои го овековечија овај момент и не контактираја да ги пренесиме нивните видувања.

Битолчани од дамнина се познати по нивниот табиет, во максималното уживање на благодетите кои ги носи животот, попознати како дембели ( дембел арх. тур. тембел, неработник, мрзлив).

Во разговор со него ја добивме комплетната слика од стартот кај фармата пред с. Дихово:

– Ненамерно или по грешка, еден од публиката ми рече врти десно, и се одвоив од останатите учесници и тргнав по пато за с. Трново, при што скршнав во познатиот ресторан Шумски Фенери да седнам малку да се одморам. Тука ги сретнав моите драги познаници Гоце Н. и Бале Н. како мезат салата со жолта ракија, заради што и останав таму цел ден со нив во бистрење политика за градо, архиво и стационаро. Маратоно никогаш нема да биде побитен од тие шо ги сакам…гордо ни пренесе Зоран, прилепчани шо го викале ЗокиО…

Ноќта ја преспал на ова место, а маратонот го продолжил према хотелот Молика каде ги сретна Памуко и Банако кои го викнаја на по едно и така уште еден ден му помина со мезе, ракија, пиво и дремење на терасата во ладовина.

Третиот ден се продолжи со трчање, повеќе било одење пеш ама ај, за маратон прајме муабет, и замина према Домo Копанки каде се сретна со домаро Чулако, Мацата го немаше, на Миконос бил со Елена. Блазесиму.

Тука со Чулако се фатиле држ, недај, вака ќе биди, така ќе биди и после три дена дебатирање му дал аманет да слези долу во Собрание и да му кажи убо два три збора и да му го обели машки на тие шо непрат ништо за Битола и шо му се државно вработени сите фамилии до 4-то колено:

Под хитно да се издвојат средства за Копанки и да заличи Домо како шо треба оти само топки ќе ни останат како досега.

Шестиот и седмиот ден гале – гале се искачи према Видиковец, па преку врвот Стив стигна до Антена каде се сретна со еден од вработените кај предавател на МТВ, Стефан кој не го криеше неговото задоволство дека имаат посетител и со кафе, вода и локум два дена си праеја муабет за Битолата, Баба Планина и Пелистеро.

Оттука се поздрави со врвот Пелистер каде е и таблата со Димитар Илиевски-Мурато, си поседе и со нив два, а три сати правејќи селфи и панорами низ целата планина и заминал према Мало и Големо Езеро каде во Домо биле Пичкуро и Зрлата. Томи како по обичај, пак го немаше, и со ова друштво тука чадејќи пура и во релаксирана атмосфера си поминаа уште два дена со скара и пиво, како дел од 104 километарскиот маратон. Фалеше и Шибето, ќе спржнеше по некоја црна тартуфа, ама тое.

Снеможен и уморен, го повикал неговиот пријател Нади од с. Трново кој дојде со магарето и полека, полека, се спуштија по Црвена река до Нижеполе, како шо беше рутата, да нема издвојување. По пато кај водопадите си го сретна другарот Петар С. кој го фати со муабет пак за минатото на Битола, планината и планинарското друштво Ризична група каде сите планинари биле 70+ години. И со него остана уште еден ден плус на планина, чиста среќа шо утредента тој беше на 60 годишнина матура во Прилеп, инаку ќе останеа уште ден, два.

Восхитувајќи се на широката панорама на ова место му текна на случката кога тука за првпат со дрон беа снимани пелистерските водопади, по што му падна дроно на Џоле и го ризикуваа нивниот живот пентерејќи се надолу по камењата во длабоката клисура за да го пронајдат.

Се потсети и на овогодинешното видео на Дамјан каде со дроно се изнавози горе, долу, и за среќа остана читав.

Инаку нашиот битолчанец на 195 бил пријавен за исчезнат. Екипи на специјалните единици и Дирекцијата за заштита и спасување биле во неколку дневна потрага заедно со кучиња трагачи и хеликоптери, но тоа за него било како едно обично секојдневие бидејќи другарите, пријателите и познаниците кои патем ги сретна беа поважни од целта која требаше да ја стигни.


Веста е измислена и е дел од рубриката ЛабавО и служи само за забава на пошироката народна маса. Повеќето од спомнатите луѓе и случки се вистински, за шо се надеваме нема да ни замерат.