Вчеравечер, во Палатата на Уметноста-Офицерски во Битола беше промовирана книгата “НАДВОР ОД ВРЕМЕТО“ на Лили Бошевска со песни инспирирани од делата на светски познатиот уметник Виктор Мануел Хернандез Кастиљо од Мексико, кој беше гостин на промоцијата со своја изложба.

“При првата средба со неговите дела зачекорив во светот на Виктор Мануел, ми поитаа стихови кои ја создадоа првата песна. Љубопитноста и силината на доживувањето ме одведоа во потрага по нови, за мене неоткриени светови кои ми ја отворија имагинацијата”- рече авторката Лили Бошевска.

Овој поетско-ликовен настан е организиран во рамките на Меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“ на која деновиве творат ликовни уметници од Виетнам, Мексико, Естонија, Романија,Кина, Србија, Бугарија и Македонија.
За утре е најавен настанот, „Ден на уметноста“, во чест на Благоја Стефановски-Баге, еден од бардовите на македонската култура што ќе се реализира на една посебно избрана локација – мало село Ротино.

Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“завршува на 27 ми јуни.