Денес во Битола се сретнаа стари акцијаши, младински активисти и гости бригадири од цела Македонија.

Акцијата “Пат на младоста” ги врати спомените од пред 40 години за активностите на повеќе од 3000 бригадири со текот на годините во 1982/1983/1984 кои учествуваа во изградбата на делницата од Прилеп Битола Ресен.

Почетокот на средбата започна во дворот на Општината Битола и продолжи на влезот на Битола од каде бригадирите го видоа своето дело од пред 40 години за потоа одбележувањето на свеченоста да продолжи во Ниже Поле каде беа посадени неколку зимзелени дрвца и за на крај да заврши во Студенсткиот дом “Кочо Рацин” со свечениот ручек.

Во склоп на активностите угостителско-туристичката струка од СОУ “Таки Даскало” денес учениците од струката со нивниот предметен наставник Николче Гелев сами зедоа учество во одбележувањето на 40 годишнината од СМРА “Пат на младоста” 1982/2022,

На средбата исто така беше договорена понатамошна соработка и формирање на секцијата Еко-Угостители.
На неколкуте фотографии од приватната архива на Панде Димитровски се претставени фотографии од неговото работење како и двете свадби кои што се случија за време на акцијачките денови.

Фото Сашо Ставрев