За време на овој викенд ќе го почувствуваме влијанието на првиот есенски циклон БРУНО.
Во сабота во попладневните часови веќе ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи и засега особено ќе ја има особено на северозапад и запад и тоа на планинските места и во оние населени места кој се во близина на планините додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.
Слични температури ќе имаме и во недела меѓутоа од попладневните часови на повеќе места ќе се развива нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови и за ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси кој би можело да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта недела кон понеделник како и во понеделник.
Ноќта недела кон понеделник од север ќе се спушта значително посвежа воздушна маса која ќе ги спушти температурите дури за околу 10тина степени а ќе започне да дува и северен ветер.
Максимумот на температурите во понеделник во државава ќе се искачуваат во интервалот само од 23 до 31 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека електричните уреди во домовите додека траат електричните празнења да се исклучуваат од штек а автомобилите да се ставаат понастрана од дрвја во случај на појава на силен ветер.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!