hdr

Денес во вечерните и ноќните часови во западните и северните делови ќе има врнежи претежно од снег и до изутрина во овие делови ќе се формира нова снежна покривка. Помала снежна покривка ќе се формира и во Скопје.
Утре во поголемиот дел од земјава ќе има врнежи од снег, пообилни во западните подрачја, особено претпладне. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег. Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула.

УХМР