АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Обилни врнежи од дожд и снег во западните делови

од February 26, 2022 0 коментари

Од денес вечер, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи (понекаде до 20 л/24ч) ќе има во западните делови. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. До понеделник снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повеќе места, особено во западните делови каде локално ќе наврнат и над 20 см нов снег. Во понеделник врнежите ќе се послаби, а во вторник ќе има услови за провејување на снег со послаб интензитет. Од недела до среда ќе дува засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали.

УХМР

Babam Bitola

Comments are closed.