Официјално денес нови играчи се Даниел Ѓорѓески и Александар Гуглета кои ќе конкурираат првиот за голманската додека вториот за крилната позиција за кој може да се каже дека имаат големо ракометно искуство и освоените трофеи со нивните претходни клубови играјќи покрај во македонскиот шампионат така и во СЕХА Лигата и Лигата на Шампиони .
Сончева Битола и преполниот Широк Сокак денес му посакаа добредојде при кратката прошетка пред официјалното претставување во клупските простории на РК Пелистер .
Во текот на вчерашниот ден тие го имаа првиот тренинг и запознавањето со соиграчите за кои велат дека се фанатастично примени и им е мило дека се во клуб како Пелистер со голема традиција. Веќе утре ги очекува гостување во Радовиш и нивно дебитирање во “зелено-белиот” дрес .