При нашата редовна прошетка по најубавата улица на светот, Широк Сокак, забележително беше финиширањето на VIP салонот
кој за неколку дена најверојатно ќе започне со работа. Новата локација е на местото од продавницата за спортска опрема Lescon, накарши клупите пред Домот на Културата.
Тоа што ни остави впечаток, а и навистина заслужува да се спомене е “Битола” во самиот салон за што и самите од сликата можете да се уверите.
Браво за креативноста и почитта која несебично ја споделувате со нас битолчани…
Битола била и ќе биди!
Сега и VIP на Широк Сокак!