Петнајста епизода битолцизми од Кекело

Орман да фатиш да дај Госпо! (клетва)

Или

Море орман фати, да не те гледам, и да несе_враќаш (желба)

Ко ќе ти дој некој преку гла, ко ќе те „вози“ доволно долго време, те ова те она, те денес те утре, те почекај уше малце, е тогаш му се обраќаш со Орман да фатиш да дај Госпо, или Море орман фати, да не те гледам, ми се смачи од тебе.

Инаку ОРМАН на Турски јазик значи многу густа шума, именка од женски род.

Витвиделија

Е то е многу, ама пренајмногу далеку.

Шо велиме ние „Да ојш, ама витвиделија да фатиш, и да те нема едно десет години, разбра? И пајтон ќе ти викнам. Само замини“

Кај е Еленица? Витвиделија ојде, Астралија, кај ќерка е во Сидни.

Витвиделија се пишува ВиДвиделија (а се изговара витвиделија), именка од женски род.

Уџум

Кај е бе Цане? А? Остај го уџум фати, Лерин ојде. Или Уџум Лерин ојде

Или Ко ќе ојш Орман, со УЏУМ да фатиш

Демек, со јуриш, со трчање, со сета сила, со УЏУМ.

Е сега, зошто ојде Цане со уџум во Лерин? Ами попуст имало по дуќаните.

Уџум доаѓа од Турскиот збор хучум (hücum), се изговара УЧУМ.


Златко Самарџиев Кекел

Плагиј.ат