.. Излегов да се прошетам,леле,
.. низ битолските сокаци, леле,
.. низ тие тесни чикмаци, леле..
Там’ најдов моме убаво, леле,
.. руса си коса чешлаше, леле,
.. луто си мајка колнеше, леле:
.. —Пукнала, мајко, треснала, леле,
.. зошто ме роди убава,леле?
.. He можам, мајко, да минам, леле,.. низ таа пуста чаршија, леле,
.. од тие пусти беќари, леле,
.. на мермер плоча седеја, леле,
.. лута ракија пиеја, леле,
.. ништо си мезе немаа, леле,
.. мене ме мезе сакаа, леле..
На сликата позната турска глумица и поп пејачка родена во Битола 1932 г.
-Мухтерем Нур,Ајсел Мухтерем Киса..