Денес кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има пообилни врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег.
Утре ќе се задржи облачно со пообилни врнежи (локално над 25л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе започне да дува умерен северен ветер кој во вторник и среда ќе биде засилен.
Повремен локален снег ќе има во вторник, а од среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури (на места и под -10 степени), а и дневните на места ќе останат негативни.
УХМР