„Ја сакав“- прекрасна љубовна ладино балада која беше актуелна во Битола, вратена во живот од Сара Ароесте – ладино пеачка со битолски корени

од January 8, 2022 0 коментари

Ново видео од нашата ладино пеачка со битолско потекло Сара Ароесте, песна која беше многу актуелна и сакана од поранешната еврејска заедница на Монастир (Битола). Во неа се пее за изгубена љубов, аранжирана во 1980-тите од синот на последниот битолски рабин.

„- Песната денес ја враќам во живот со еден од најголемите израелски пејачи Јехорам Гаон. Топли поздрави до моите битолчани и уживајте“… ни пренесе Сара.

Babam Bitola

Comments are closed.