Не дека нема убав град.
Не дека нема убави места.
Ама нас, Битола ни е една.
За Битола, за мојот, за нашиот град.
Тука пораснав. А тука планирам и да остарам. Во градот кој плени со својата убавина и стара архитектура. Во градот каде се најубавите битолчанки, во градот каде турското кафе се пие со часови.
Ако некој праша, имам многу да кажам. Имам многу да доловам а и да опишам. Да земам, би можела со часови да раскажувам.
Минатото го создаваме тука.
Живееме во сегашноста.
Но ја создаваме иднината.
Токму тука. И токму сега.
И тоа е тоа. Зар така мислиш?
О, не. Не е.
Битола, Бабам Битола. Град мој најдобар. Сведок на многу раскинувања, сведок на многу нови вљубувања. Сведок на безброј улични расправии и тепачки, сведок на први утрински кафиња проследени со гласна смеа и разни муабети. Сведок на убавината со која пленат битолските девојки. Ох ти голем сведоку. Моја природна убавино, моја вечна привилегијо.
Ох граде мој, знаеш ли ти колку за тебе зборувам, колку ли за тебе пишувам? Колку ли за тебе се гордеам, колку ли тебе те оживувам.
Марија Стојановска е 15 годишна средношколска во СОЕУ Јане Сандански од Битола на која единствена желба и е да успее во поглед на пишувањето. Од хоби, издвојуваме читање на книги и пишување проза и поезија. Искрено, се надева на сите соништа. Со љубов, за сите.