На 06.05.1942 година, е убиен бугарскиот фашистички обласен полициски началник Ќурчиев, кој претходно во априлската провала уапсил многу илегалци и симпатизери на борбата за ослободување и ги предводел полициските сили во борбата против партизанскиот одред „Пелистер“.

При обид да биде легитимиран, наместо да му ја даде личната карта на началникот, Народниот херој Стефан Наумов-Стиф од џепот извади пиштол и на лице место го уби овај злогласен крвник. Убиството се случи во центарот на Битола во месноста позната – кај Калуѓериците. Потоа се скрил во куќата на Пецо и Антула Стефановски, која Стиф и другарите Киро Крстевски- Платник и Лазо Хаџи Поповски Пламен, ја користеле како илегалци. Иако, бугарските полицајци извршиле целосна блокада на Битола и претрес на куќата, благодарејќи на снаодливоста на домаќините, тие не биле откриени.

Овај настан силно одекнал во Битола. Најтиражниот американски весник Њујорк Тајмс на 9 мај 1942 година, известил за извршениот атентант во Битола над Александар Ќурчиев, областен началник на бугарската државна безбедност, од страна на Стив Наумов.

Сојуз на борци на Македонија